Фенербахче загуби од Кајзериспор во самиот финиш на мечот, а турскиот гигант сам се победи. Најголем виновник за поразот со кој е прекината серијата од четири меча е Роберто Солдадо.
Шпанецот опасно стартуваше со ѓон во самиот финиш на првото полувреме и веднаш беше исклучен, со што Фенербахче мораше да игра со фудбалер помалку во продолжението.
Гостите издржаа до 86. минута, кога Кравец искористи грешка на лошо поставената одбрана на Фенербахче и со удар со глава му донесе бодови на Кајзериспор.
Елмас влезе во игра во 82. минута, а нашиот репрезентативец се почесто е резерва. Со поразот Фенербахче повторно е во опасната зона со само 23 бода, или три повеќе од Анкарагучу, но и со меч повеќе.