Дури 10 меча се играат ноќеска во НБА-лигата и вистински предизвик е да се најде добитниот избор за тикет кој може да донесе заработка. На три меча победникот е речиси познат, па Бостон и Њу Орлеанс на свој терен треба да ги победат Сан Антонио и Шарлот, а Минесота е голем фаворит за радост на теренот на Детроит. Минесота е најдобар тим на Западот, а Детроит и е убедливо најслаб тим во целата лига само со четири победи и дури 36 порази.
Интересно ќе биде во Лос Анџелес, каде што Лејкерс е домаќин на Далас маверикс, а неизвесно се очекува да биде и на дуелот меѓу Јута џез – Голден Стејт вориорс.
Освен 10-те средби, стандардна е и понудата за „плус-минус“ поени на кошаркарите, па за вечерва има над 60-мина играчи на кои може да се обложите за тоа дали ќе ја надминат зададената граница на постигнати поени.