Почетокот на мечот Евертон – Кристал Палас, денеска во 16 часот, е крајниот термин до кој може да се вклучите со ваши прогнози во 10-тото коло на бесплатната Спортска прогноза во организација на Sport Life и Спорт Манија.
Потсетуваме дека за погодени 13 натпревари што се на менито имате можност сами да си одберете подарок од три понудени варијанти:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K
Xiaomi Електричен Тротинет
X Box Series X
Покрај премијата за погодена 13-ка, тука се и ваучерите од Sport Life од 1.000денари за 12-ка и ваучер од 500 денари за сите што ќе погодат 11 натпревари од основната понуда. Резервните парови се сметаат само за генералниот пласман.
Во јубилејното десетто коло во петтата сезона, има и дерби дуели, се истакнуваат Челзи – Манчестер јунајтед и Рома – Наполи.
Според процентите на досегашните типови, мнозинството прогнозери (57 отсто) го фаворизираат Челзи и типувале единица, додека за утрешниот меч во Рим, предност му се дава на Наполи. Двојка ставиле 44 проценти од играчите на Спортска прогноза.
Најголеми фаворити на прогнозерите се Болоња против Лече, и Интер против Фиорентина. За кец на Болоња се изјасниле 87 проценти од играчите, а за победа на Интер 77,5 проценти.