Дресот со број 10 на грбот во фудбалот често го носат најдобрите играчи во тимовите, иако тоа не мора да биде така, а барем на последните пет светски првенства, 10-ката во комбинација со капитенска лента носи признание за најдобар играч.
Серијата почна со Зинедин Зидан во 2006 година, ја продолжи Диего Форлан во 2010, Лионел Меси беше МВП во 2014 и 2022, а Лука Модриќ во 2018 година.
Заедничко за оваа петорка е што сите носеа број 10 и капитенска лента. Последен што бил Златна топка на СП, а немал 10-ка беше германскиот голман Оливер Кан на Мундијалот во 2002 година.