Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра значајна улога со 10 поени и 5 асистенции во големата победа на Валенсија против Реал во Мадрид со 94:93.
Во меч од шпанската лига, популарните Лилјаци ја искористија шансата и мини-кризата кај најтрофејниот европски клуб и славеа во драматична завршница.
https://twitter.com/RMBaloncesto/status/1490389824922083338?s=20&t=ai1MY_gw_gtg5ow5ZVzBMQ
Димитријевиќ имаше солиден учинок со десетка, а најефикасен во победничкиот табор беше Камен Препелица со 16 поени.
На мечот и покрај поразот, прв стрелец беше Серхио Љуљ од Реал со 17 поени. Со пет победи по ред, Валенсија се проби на четвртото место во шпанската лига, а Реал и покрај поразот, остана на лидерската позиција.