Викенд-тикет со доминација на домашните екипи и голови на градското дерби меѓу Вест хем и Арсенал е прогнозата на Панче Ќумбев во редовното викенд-издание на поранешниот наш репрезентативец на страниците на Спорт Манија.
Првиот човек на Независниот синдикат на македонските фудбалери типува победи на Лион, Кардиф, Валенсија и Вилјареал и меч со најмалку три гола, со погодоци во двете мрежи на дербито во Лондон.
Лион – Ремс (петок, 20.45 часот)
Верувам во триумф на домаќинот, и тоа најмалку со два гола во мрежата на гостинот. Лион мора да брка победа за да остане во чекор за првите три места на табелата. И традицијата е на страната на фаворитот, па Лион има само еден пораз на домашен терен од Ремс, во 2013 година со 0-1.
Очекувам со десеттата победа во првенството Лион да остане на позициите кои водат во Лигата на шампионите.
Предлог тип: 1&Т1 (1.82)
Вест хем – Арсенал (сабота, 13.30 часот)
Лондонско дерби на два тима со нестабилна форма. Колку и да беа големи амбициите на Арсенал пред почетокот на првенството, реалноста е дека ќе води тешка битка за освојување на четвртото место во Премиер лигата.
Од друга страна, „чеканите“играат топло-ладно и се многу тешки за типување. Затоа ќе се одлучам за голови на двете страни, и тоа најмалку со три на натпреварот.
Предлог тип: ГГ3+ (1.71)
Кардиф – Хадерсфилд (сабота, 16 часот)
Очекувам победа на домаќинот затоа што гостинот е очаен сезонава, особено кога гостува. Хадерсфилд ќе биде и ослабен бидејќи нема да играат двајца стандардни играчи, Арон Мој и Кристофер Шиндлер. Кардиф според мене е поквалитетен тим и очекувам да освои значајни три бода во борбата за опстанок.
Предлог тип: 1 (2.35)
Валенсија – Валјадолид (сабота, 16.15 часот)
Добрата домашна серија на Валенсија очекувам да продолжи и на овој натпревар. На последните седум меѓусебни натпревари Валјадолид нема победа против Валенсија, што е знак дека тешко игра против овој тим. Проблем за домаќините е што не игра Кондогбија, а и тренерот Марселино е под притисок по поразот од Спортинг Хихон во купот, но очекувам тоа да биде мотив плус за играчите да одиграат добро и да ги освојат бодовите.
Предлог тип: 1 (1.60)
Вилјареал – Хетафе (сабота, 20.45 часот)
Вилјареал едноставно мора да победи на овој натпревар. Во прилог им оди и традицијата на домашен терен против Хетафе. Мислам дека квалитетниот состав на Вилјареал не заслужува борба за опстанок, затоа победа на овој натпревар би значело и одлепување од дното.
Предлог тип: 1 (2.20)