Десетките ќе бидат опасни за Англија, Поулсен е оптимист: Фаворити се, но се преценуваат (Видео)

Англија е фаворит против Данска во второто полуфинале на Европското првенство што ќе се игра задутре на „Вембли“ во Лондон, но и аутсајдерот на хартија има свои сметки.

Данците ќе бидат без најдобриот стрелец во актуелниот состав по проблемите со срцето на Кристијан Ериксен, па адути ќе им бидат тројцата стрелци на по 10 погодоци, Поулсен, Долберг и Брајвајт.

Јусуф Поулсен е еден од нив, во триото најефикасни дански репрезентативци во отсуство на Ериксен, кој досега постигна 36 гола за својата селекција.

„Ни одговара што Англија е фаворит, но мислам дека се преценуваат. Тоа ни одговара бидејќи ние веќе покажавме дека можеме да им се спротивставиме. Игравме два меча лани во Лигата на нациите и освоивме четири бода. Не гледам зошто да не ги надиграме повторно“, изјави Поулсен.

На двата меча имаше само еден гол и по ремито без погодоци во Копенхаген, Данска ја победи Англија со 1:0 на „Вембли“ со голот на Ериксен.

Сега капитенот на Данска нема да игра по познатиот случај на самиот старт од Европското првенство, кога преживеа срцев удар на теренот, а повторно ќе се игра на „Вембли“, сега во полуфиналето на ЕП на 7 јули од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести