Голем инцидент се случи синоќа во Колумбија на фудбалскиот меч меѓу Кортулуа и Депортиво Кали, а гостинските навивачи збеснаа во финишот и приредија инвазија на теренот бркајќи ги играчите, а го истепаа тренерот Гарсија Кандело.
Прекинот се случи во 81-вата минута, при резултат од 2:0 за домаќинот Кортулуа, а навивачите на 10-кратниот првак на Колумбија беа немилосрдни.
Дел од инцидентот и инвазијата на гостинските навивачи на стадионот во „Тулуа“ можете да погледнете ОВДЕ.
Најмногу настрадаа тренерот Кандело и Теофило Гутиерес, кој е претставник на тимот од Кали, а и дел од играчите на Депортиво добија удари од бесните навивачи.
Hinchas del Deportivo Cali ingresaron a la fuerza a la cancha del estadio Doce de Octubre a reclamarles a los jugadores por la derrota 2-0 ante Cortuluá.
🎥 Redes sociales pic.twitter.com/ku11H7t1Ga
— El País Cali 📰 (@elpaiscali) September 21, 2022
Депортиво Кали е гигант во Колумбија и четврти најтрофеен клуб со 10 шампионски круни, но во ова првенство не му цветаат рози и е на претпоследното место со 8 бода.
Ќе бидат и последни бидејќи се очекува Кортулуа да го добие мечот со службен резултат и ќе ги прескокне со еден бод повеќе од нив.