Освојувачите на ЛШ и ЛЕ од минатата сезона, Челзи и Вилјареал, вечерва во 21 часот ќе ги одмерат силите во битката за пехарот на Суперкупот на УЕФА. Средбата ќе се игра на „Виндсор“ стадионот во Белфаст, а Сините важат за фаворити според квотите во Sport Life, но и според квалитетот на двете екипи.
Во пресрет на мечот, Жолтата подморница е во големи проблеми со отсуство на неколку првотимци, а поголема главоболка на Унај Емери е што неговата екипа е вон форма и подготовките ги заврши без победа, односно Вилјареал загуби во три и ремизираше во исто толку натпревари против Валенсија, Лион, Леванте, Марсеј, Лестер и Лидс.
https://twitter.com/Squawka/status/1424111861474136067
Во битката за нова европска круна, Емери не може да смета на својот организатор на играта, Дани Парехо, како и опасниот крилен офанзивец Саму Чуквуезе. Голманската позиција е хендикепирана со отсуството на Џеронимо Рули, човекот кој се покажа како херој за Вилјареал во финалето против Манчестер јунајтед. Средниот ред трпи најмногу, недостапни се искусните Ибора и Капу, како и дефанзивецот Фојт кој неодамна се здоби со повреда.
Ниту учинокот на Емери во овие натпревари е во полза на шпанскиот тим. Како тренер на Севилја двапати загуби во Суперкупот од Реал Мадрид и Барселона, додека против Челзи памети пораз во мечот за титулата во ЛЕ во сезоната 2018/19, кога беше предводник на Арсенал.
Дали подморницата и покрај овие проблеми може до подвиг, или пак Сините на Тухел ќе ги оправдаат очекувањата, ќе се знае по 21 часот.