Десеткуваниот Металург загуби со 19 гола разлика

Висла Плоцк го порази Металург со 38-19 во дуел од груата А во ЕХФ Европската лига. Овие два тима ќе се сретнат меѓу себе во Плоцк и задутре, а тогаш во составот на тимот од скопската населба Автокоманда треба да биде и засилувањето Василије Калуѓеровиќ.

Поради бројни позитивни на корона-вирус и повредени, Металург на ова патување замина со 12-мина ракометари, во состаот беа и кадетите Петковски и Брестовац, кои имаат по 16 години, па и не е големо изненадување што полскиот тим даде двојно повеќе голови. Поповиќ и Серафимов со по 5 гола беа најефикасни во поразениот тим, кој официјално беше домаќин, иако мечот се играше во салата на противникот.

Висла Плоцк ги доби сите шест средби во групната фаза, а Металург има само еден бод. Реваншот се игра во вторник, во 18.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести