Предновогодишни подароци од Sport Life за десеттемина најдобри: „Ајфон 14“, телевизор, електричен тротинет, велосипеди, часовници…(Фото)

Како докажано најдобра обложувалница во Македонија, Sport Life израдува десетмина верни обложувачи кои беа дел од акциската игра „Втора шанса за подарок“.

Во предизвикот кој траеше од 18 ноември до 18 декември, подароци добија оние обложувачи коишто во периодот од акциската понуда имаа најголем коефициент на тикет со еден промашен пар, согласно правилата на ВТОРА КЕШ ШАНСА.

Ацко С. на тикет со 15 пара имаше погодено 14, кои имаа вкупен коефициент од 23.660,75 и заслужено на крајот заврши како најдобар во „Втора шанса за подарок“ и за тоа си доби „Ајфон 14“.

Втор е Александар Н. со погодена квота од 14.893,69 и тој си заработи телевизор „Самсунг“.

Дамјан С. со една промашена и погоден коефициент од 11.599,37 е трет и тој си замина со електричен тротинет.

Михајло З. и Владо А., кои завршија на четвртото и петото место, се подновија со велосипеди.

Смарт часовници добија Илија М. и Дејан Ј., кои на крајот завршија на шесто и седмо место на конечниот поредок.

Со фудбалска топка „адидас“ си заминаа Момчило П. и Бобан М., кои завршија на осмото и деветтото место, додека вредносен ваучер од 2.000 денари си доби Дејан П., кој ја комплетира Топ 10-ката во оваа акциска игра на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести