Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми пред вечерашниот лигашки меч со Елче, тренерот Алваро Арбелоа е принуден да користи играчи од младинскиот погон.
Дури десет фудбалери од првиот тим на Реал се повредени или суспендирани и нема да се појават вечерва. Тоа се Асенсио, Милитао, Алаба, Карерас и Менди од одбраната, Себаљос и Белингам од средниот ред, како и Мбапе, Родриго и Мастантуоно од нападот.
Идејата на Арбелоа беше да го одмори вечерва Ридигер, но бидејќи ќе го нема Асенсио кој отпадна во последен момент, Германецот веројатно ќе треба да игра, освен ако Реал на терен не извади некој необичен состав со поголем број младинци. Одмор се планираше и за Валверде и Чуамени, па пред Арбелоа се неколку часа во кои треба да донесе одлука кои 11-мина да бидат стартери.
Приоритет е дуелот од ЛШ со Манчестер сити за неколку дена, но Кралскиот клуб мора да мисли и на домашната лига во која уште е во битка за титулата, па останува да се види дали и колку ќе ризикуваат со составот вечерва.

