Десетте познати асови што никогаш не настапија на Светско првенство, не се далеку ниту две македонски икони (Фото)

Легендарниот Алфредо ди Стефано, Ерик Кантона, Давид Жинола, Џорџ Веа, Јари Литманен… се само дел од познатите фудбалски асови што никогаш не играле на Светско првенство.

Списокот со врвни фудбалсли имиња што останале без учество на Мундијал е долг, а меѓу нив може да се сместат и две македонски легенди што имаат титули во КЕШ, или во ЛШ, а имале и одлични кариери.

Дарко Панчев и Илија Најдоски беа европски и светски прваци во 1991 година со Црвена Ѕвезда, а само популарната Кобра играше на Мундијал и тоа една година претходно за Југославија на шампинатот во Италија.

Најдски не беше побикан иако тогаш беше еден од најдобрите стопери во поранешна Југославија и во Европа.

Титула европски првак има и Горан Пандев, со Интер во 2010 година кога освоија триплета, но и тој немаше можност кариерата да ја зачини со настап на Светско првенство.

Во топ-10 играчи што немаат мундијалски настап според „Трансфермаркт“ се:

Top Players who never played a single World Cup from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести