Дешамп: Дали Бензема ќе игра во финале? Следното прашање ве молам!

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп, ги реши дилемите дали во финалето на Мундијалот во Катар ќе настапи освојувачот на Златната топка, Карим Бензема.

Бензема само што закрепна од повредата и почна да тренира со Реал Мадрид, па се појавија шпекулации дека ќе оди во Катар и ќе биде во комбинација за настап во финалето. Тој не беше избришан од списокот и секако ќе добие златен или сребрен медал, но нема да заигра на СП 2022.

„Дали Бензема ќе игра во финалето? Би сакал да преминеме на следното прашање, ве молам“, рече Дешамп, кој со 14 победи на Мундијалите е втор на вечната листа меѓу селекторите.

- Оглас -

Најнови вести