Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, ја продолжи соработката со Француската фудбалска федерација на дополнителни две и пол години. Дешамп така ќе се задржи на клупата на светскиот првак до Мундијалот, кој ќе се одржи во Катар во 2022 година.
Реномираниот стратег ги предводи Триколорите од 2012 година, а досега успешно ги водеше на последните два големи репрезентативни собири. На ЕП 2016 година Французите стигнаа до самото финале, а како домаќини загубија од Португалија. Две години подоцна, Франција се искачи на светскиот трон, во Русија по вторпат го освоија Мундијалот по епското финале против Хрватска.
Дешамп по третпат ја продолжува соработката, претходно го стори тоа во 2015 и 2017 година.
https://twitter.com/FrenchTeam/status/1204419891668738055?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1204419891668738055&ref_url=https%3A%2F%2Fonefootball.com%2Fcms%2Fen%2F28352393