Дидие Дешамп и официјално потврди дека Карим Бензема ќе биде член на француската репрезентација за Европското првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули.
Бензема не беше повикуван во редовите на Триколорите во последните пет години, но инцидентот од 2015 година, кога беше обелоденета аферата дека го уценувал колегата Матје Валбуена со порно снимки сега е ставен ад-акта.
„Разговаравме долго со Карим и имавме неколку средби, по кои знаев дека ќе се врати во репрезентацијата. Мина доста време од инцидентот и Бензема ќе ни биде адут на Европското првенство“, изјави селекторот на актуелниот светски првак.
https://twitter.com/equipedefrance/status/1394720179997839362?s=20
Французите сега ќе имаат страшен напад, а главни опции би требало да бидат Килијан Мбапе, Антоан Гризман и Бензема. Во офанзивата ќе бидат и Жиру и Бен Једер, па нападот на Галските петли изгледа застрашувачки.
https://twitter.com/ModernBaller/status/1394726361533763586?s=20
Франција ќе игра во Ф групата, која е исклучително тешка, заедно со актуелниот европски првак Португалија, со великанот Германија и со Унгарија.