Дешамп: „Тажно е ова што му се случува на Погба“

Репрезентацијата на Франција во октомврискиот прозорец ќе одигра натпревари против Холандија и Шкотска, но во своите редови нема да го има Пол Погба, кој падна на допинг-тестот.

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, на официјалната прес-конференција доби прашање и за репрезентативецот кој има два позитивни допинг-теста.

„Жал ми е за Погба, многу работи му се случија. Се наоѓа во тешка ситуација. Ќе мора да се брани, тоа е долга процедура. Сè започна со допинг-тестот. Не знам што ќе биде со него, но тажно е ова што се случува“, рече Дешамп.

На Погба му се заканува суспензија од две до четири години, што би можело да значи и крај на неговата кариера.

„Не знам што ќе биде со него во иднина. Се надевам дека повторно ќе биде среќен и ќе се врати на терените, но ќе биде потребно одредено време за тоа“, додаде селекторот на Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести