Франција имаше неубедлив настап во групната фаза на ЕП, откако имаше само една победа и две нерешени, па заврши како второпласирана во групата. На дуелот од третото коло, Франција одигра 1:1 против Полска која немаше шанси да оди во осминафиналето, а селекторот на Галските петли, Дидие Дешан освен што беше незадоволен од резултатот, имал многу забелешки и на Едуардо Камавинга.
Ѕвездата на Реал Мадрид во игра влезе во второто полувреме, но често се лизгаше на теренот и тоа поради копачките кои биле со неприлагодени крампони за влажен терен.
Conversación muy, muy larga entre Deschamps y Camavinga en el entrenamiento.
Cama no ha sido titular en ningún partido. @elmundoes @ElMundoDeportes pic.twitter.com/zh5sMU3To3
— Abraham P. Romero (@AbrahamPRomero) June 27, 2024
Според шпанска „Марка“, веднаш по тој меч, Дешан имал жесток разговор со Камавинга, а потоа на тренингот се гледа како селекторот бара од фудбалерот да му покаже со какви копачки и крампони е дојден.
Франција следниот меч на ЕП ќе го игра в понеделник и тоа во дербито на осминафиналето против Белгија.