Дешан фрустриран од организацијата во САД: Никогаш не сум видел вакво нешто

Француската репрезентација забележа две победи на турнејата која ја имаше во САД. Во двата контролни дуела кои ги одиграа, Галските петли славеа над Бразил со 2:1, а потоа и со 3:1 над Колумбија. Селекторот на Франција, Дидие Дешан, е задоволен од играта и резултатите на својот тим, а беше зачуден од тоа какви се безбедносните мерки за влез во САД, земјата која за помалку од 100 дена ќе биде кодомаќин на Светското првенство заедно со Канада и Мексико.

„По доаѓањето, поминавме неверојатно многу време на аеродромот. Имаше такви контроли какви што никогаш не сум ги видел. Но, се прилагодуваме“, рече Дешан. Селекторот на Франција беше задоволен од временските услови на коишто играа, но има и проблем а тоа е колку долго време може да се патува од едно на друго место.

„Температурите беа добри, но тука е и еден проблем за којшто знаев дека ќе постои, а тоа е времето потребно за патување“, додаде Дешан.

Дешан е на чело на француската репрезентација од 2012 година и ја предводеше на три светски првенства, од кои има едно златно на Мундијалот во 2018 и сребро од првенството во 2022 година. По завршување на планетарниот собир ова лето, Дешан ќе си замине од селекторската функција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести