Официјално се објавени почетните состави на шпанската и на француската фудбалска репрезентација за вечерашниот натпревар во Минхен од полуфиналето на Европското првенство.
Селекторите Луис де ла Фуенте и Дидие Дешан се потпираат на оние фудбалери во коишто имаа најголема доверба и досега, со тоа што шпанскиот селектор не можеше да смета на бекот Карвахал и централниот дефанзивец Ле Норман, кои се суспендирани, па на нивно место ги стави искусните Навас, односно Начо.
Францускиот селектор Дешан го врати Рабио во почетниот состав, Камавинга се враќа на клупа, а резерва ќе биде и Гризман, кој долги години игра во шпанската лига и тргнува со брзото напаѓачко трио Дембеле, Мбапе и Коло Муани.
Ова се почетните состави на двата тима:
ШПАНИЈА (4-2-3-1): Симон, Навас, Начо, Лапорт, Кукурелја, Родри, Руис, Јамал, Олмо, Вилијамс, Мората.
ФРАНЦИЈА (4-3-3): Мењан, Кунде, Упамекано, Салиба, Тео Ернандес, Чуамени, Канте, Рабио, Дембеле, Мбапе, Коло Муани.