Дешан ја откри вистината околу маската на Мбапе

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, зборуваше за здравствената состојба на Килијан Мбапе откако напаѓачот го скрши носот на мечот со Австрија и поради тоа го пропушти дуелот со Холандија.

Мбапе се наоѓа во најавениот почетен состав на Франција за натпреварот со Полска кој се игра денеска од 18 часот. Покрај Мбапе, во нападот се неговите довчерашни соиграчи од ПСЖ, Дембеле и Баркола, а Гризман е на клупата за резерви.

„Хематомот стивна и Килијан се навикнува на маската. Тој сакаше да игра и против Холандија“, изјави Дешан, а потоа навлезе во детали околу тоа како е да се игра со маска на лицето и кои се главните проблеми.

„Маската не влијае на дишењето, но влијае на видот. Малку го ограничува погледот и аголот на гледање во одредени ситуации. Дали има поголем ризик во играњето во шпицот на нападот? Не, контакти има на секој дел од теренот. Мора да се навикнеш на играње со маска, чувството по малку е како да носиш 3D очила“, објасни Дешан.

- Оглас -

Најнови вести