Дешан ќе жртвува една ѕвезда за да истрча со дефанзивна формација против Шпанија

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, подготвува изненадувачка формација за полуфиналниот дуел од Европското првенство против Шпанија. Францускиот селектор очигледно се плаши од одличниот напад на шпанците, па подготвува дефанзивна формација за дуелот против „црвената фурија“, а жртва на новата тактика ќе биде ѕвездата на Атлетико Мадрид.

Дешан планира мечот да го започне со дополнителен играч во одбраната, а Антоан Гризман ќе биде тој кој ќе испадне од првата постава. Фудбалерот на Атлетико Мадрид воопшто не покажа ништо на првенството, односно се вклопи во сивилото на Франција, која без гол од игра успеа да стигне до полуфиналето, но сега пред себе има голем предизвик, наречен Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести