Репрезентацијата на Франција своите противници во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 ќе ги дознае дури во март следната година, иако ждрепката се одржа денес. „Триколорите“ ќе играат во четвртфиналето на Лигата на нации, па во зависност од резултатот против Хрватска ќе знаат во која група ќе бидат.
Ако победат против хрватите, ќе играат против Украина, Исланд и Азербејџан, додека ако бидат поразени ќе се најдат во друштво на Чешка, Црна Гора, Фарски острови и Гибралтар.
„Имаме седум потенцијални противници од различен профил. Знаеме малку повеќе, но се уште не знаеме се. За многумина е комплицирано да ја сфатат оваа ждрепка. Не знаеме се како претходно, но ќе мора да се прилагодиме.“ – рече селекторот на Франција, Дидие Дешан.