Дешан на полувреме барал од фудбалерите да го прегазат Гибралтар: Ако можете да дадете гол – направете го тоа (Видео)

Селекцијата на Франција во саботата ја оствари најубедливата победа во историјата на квалификациите за Европско првенство совладувајќи го Гибралтар со 14:0, а голем удел во ова има селекторот Дидие Дешан.

Иако сите знаат дека Гибралтар е тотален аутсајдер против сите европски селекции, многумина се запрашаа зошто Французите играа мотивирано и во второто полувреме иако по првиот дел имаа водство од 7:0 и играч повеќе.

Причината лежи во Дешан, кој на полувремето им рекол на своите играчи да дадат што е можно повеќе голови.

„Момци, секоја чест за првото полувреме. Одиме да го направиме тоа и во второто. Многу е едноставно, кога можете да дадете гол – дадете. Моментно е 7:0, но нема никакви граници. Рекордот е 10:0 и можете да го соборите, затоа не им попуштајте“, им зборуваше Дешан на полувремето на своите играчи.

https://twitter.com/i/status/1726608847576424535

 

- Оглас -

Најнови вести