Со една победа и еден пораз по првите две кола, селекцијата на Франција гостува кај Израел и тоа на неутрален терен во Будимпешта. За овој дуел, селекторот на Галските петли Дидие Дешан, нема да може да смета на услугите на првата ѕвезда и капитен во составот Килијан Мбапе.
Голгетерот на Реал Мадрид се пожали на повреда и поради тоа не е дел од националниот тим, а селекторот Дидие Дешан вели дека сосема го разбира тој потег да не е дел од Галските петли.
„Клубовите се работодавци на играчите. На пример, имаш и работодавач кој ако ти побараат да поставиш одредено прашање, ти го правиш тоа. Клубовите отсекогаш ја имале оваа моќ бидејќи федерациите не се тие што ги плаќаат играчите. Факт е дека клубовите се внимателни поради програмите што ги имаат. Не се работи само за Реал Мадрид или за Килијан. Ова не е добра работа за репрезентациите. Може да се случат други промени пред да се објави стартниот состав. Најважно е да се комуницира со играчите. Не сум тука за да го ставам играчот во конфликт меѓу неговиот клуб и неговата репрезентација“, вели Дешан, кој во отсуство на Мбапе, за капитен на екипата го одбра Орелијан Чуамени, во кого леда вистински лидер на теренот и надвор од него.
Во последните шест дуели меѓу Франција и Израел, Галските петли имаат три победи, а три дуели завршиле нерешено. Сепак, селекторот Дешан се сеќава на поразот од 1993 година, во квалификациите за Светското првенство во САД во 1994 година.
„Колегата селектор ме потсети на поразот од 1993 година. Тогаш водевме со 2:1, но на крајот загубивме со 2:3. Следниот натпревар нѐ исфрли од Светското првенство во 1994 година. За среќа на мене и на мојата генерација, подобро се снајдовме во 1998 година. Така што тоа е многу пријатен спомен за Израел, но за нас е прилично болен“, се присети францускиот селектор.