Дешан: „Треба да бидеме ефикасни во нападот и силни во одбраната“

Франција има негатива од 2-0 против Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нации, па пред својата публика ќе има тешка задача да дојде до пласман на завршницата. Селекторото на „триколорите“, Дидие Дешан, најавува дека ќе мора да бидат ефикасни во нападот, но и силни во одбраната, доколку сакаат да го елиминираат противникот.

„Кога имате негатива од два гола, а треба да играте пред својата публика од 80.000 гледачи, тогаш не треба дополнителна мотивација. Сила имаме, желба исто така. Треба да бидеме ефикасни во нападот, но и силни во одбраната, бидејќи сме во ситуација која е поволна за Хрватска. Овој период е многу тежок за фудбалерите, бидејќи имаат напорна клупска сезона. Го проверуваме статусот на фудбалерите кои играа на првиот меч, но и на оние што не играа. Да не се лажеме, ова не е натпревар како и сите други.“ – рече селекторот на Франција, Дидие Дешан.

- Оглас -

Најнови вести