Дидие Дешан не се прослави како селектор на Франција на ЕВРО 2024. Иако стигнаа до полуфиналето, Французите беа многу неубедливи со оглед на потенцијалот што го поседуваат и остана без трофеј.
Со Дешан како селектор, Франција стана светски првак во 2018, но потоа се редат разочарувања, прво голем кикс на ЕП 2020, а потоа и финале на СП 2022 и полуфинале во ЕП 2024 кои би биле успех за која било друга земја, но не и за Франција. Триколорите не потфрлија толку со резултатите колку со играта и неефикасноста.
Веќе се говори дека Дешан може да биде сменет, а фаворит за нов селектор на Галските петли е Зинедин Зидан. Зизу откако си замина од Реал Мадрид, трпеливо ја чека својата шанса, не прифати ниедна понуда од клубовите заинтересирани за него, сака да биде селектор на својата земја.