Десподов: За Македонците мечот против нас ќе биде политичка битка

Капитенот на бугарската фудбалска репрезентација, Кирил Десподов, после победата од 5-1 над Гибралтар, стои цврсто на земја, а се осврна и на претстојниот дуел во Скопје в понеделник против Македонија.

„Победата е убедлива, убаво е тоа, радосни сме, но да не ја креваме многу главата. Тие од една шанса ни дадоа гол. Имаме смена на селекторот, нов систем на игра, доста дебитанти, се обидуваме да играме побрзо. В понеделник ќе имаме многу потежок меч, не се лутам што бев изваден од игра, можеби селекторот сакаше да ме поштеди да бидам свеж за Македонија. Според мене, Македонците ќе го сфатат мечот повеќе на политичка, отколку на фудбалска основа. Ние треба да се сконцентрираме и да извадиме добар резултат, мислам дека можеме да победиме. Тоа ќе помогне за самодовербата која ни е на ниско ниво“ – вели Десподов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести