23.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Деспотовски: „Да покажеме дека победата над Шведска не беше случајна”

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денес со почеток во 16 часот ги започнува подготовките двата квалификациски дуели против Гибралтар и Шведска на домашен терен.

Стандардниот репрезентативец, Стефан Деспотовски, очекува Македонија да прикаже добра добра игеа и да докаже дека победата над Шведска на гости не беше случајна.

„Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска.  Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа за нас. Сакаме да покажеме дека победата над Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме меч со Гибралтар. Фокусирани сме максимално на тој меч кој мораме да го добиеме. Овие квалификации ги започнавме одлично, со големата победа над Шведска на гостински терен, но се случи пад во нашата игра и забележавме три порази во серија. На некои натпревари среќата воопшто не ни се насмевна. Одигравме добар дуел со фаворитот во групата, Холандија, но на крајот несреќно загубивме. Молдавија од два обиди успеа да постигне два гола. Ги оставаме овие натпревари позади нас, ни претстојат два меча во кои мораме да покажаме голема желба за победа. Треба да покажеме и потрвдиме дека сме силна репрезентација која располага со квалитет. Се надевам дека ќе почнеме да остваруваме позитивни резултати. Имаме игра, создаваме шанси, располагаме со цврстина и квалитет, се со што би требало да ја краси една квалитетна репрезентација. Мислам дека треба да бидеме многу поефективни и помудри во завршницата на акците и за да ги реализираме шансите со погодок. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. За сите нас преставува огромна чест и задоволство да се носи овој дрес. Со нетпрение очекуваме повторно да го облечеме дресот со државен грб и да излеземе пред нашите навивачи. Време е да се вратиме на победничките патеки.” – вели Деспотовски.

Македонија двата натпревари ќе ги одигра на домашен терен во Скопје, во четврток против Гибралтар, додека мечот против Шведска е следниот вторник.

- Оглас -

Најнови вести