Сопственикот на Шкендија, Љазим Дестани, со објава на социјалните мрежи ја повика публиката да се однесува и да навива фер и коректно на мечот од третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, помеѓу тетовските „црвено-црни“ и азербејџански Карабах.
„Со голема возбуда за досегашните успеси, нашиот сон продолжува.
Со посветеност и силен фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите што ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите. Денес сите ќе бидеме на трибините на стадионот, пеејќи ги нашите победнички песни и давајќи поддршка на нашите играчи и стручниот штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да не подлегнеме на провокации.
Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не ни припаѓа и не ја претставува нашата култура. Ние – публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч – сме пример, покажувајќи го нашиот висок нивo и достојно претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде да одиме кон победата. Шкендија над сè!“ – напиша Дестани.