Детали за „Златната топка“: Родри го победил Винисиус со само 41 поени разлика

Утре ќе бидат познати сите детали околу гласањето за „Златната топка“ на „Франс фудбал“ во ко-организација со УЕФА, и кој како гласал, а веќе се обелоденети дел од информациите.

Објавено е дека победникот Родри освоил 1.170 поени, а второпласираниот Винисиус кој сметаше дека треба да победи и ја бојкотираше церемонијата заедно со сите други од неговиот клуб Реал Мадрид, имал 1.129.

Во гласањето учествувале 99 новинари (не гласал само новинар од Сирија) по еден од секока од првите 100 земји на ФИФА листата.

Имало петмина новинари кои не го ставиле Родри во топ 10, а тројца го изоставиле Винисиус. Ниту еден не го погодил конечниот редослед на првите петмина (Родри, Винисиус, Белингам, Карвахал, Халанд).

Пет новинари му дале максимални 15 поени на Џуд Белингем, четворица на прво место го ставиле Дани Карвахал, а имало и такви за кои број 1 биле Тони Крос, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез и Адемола Лукман.

- Оглас -

Најнови вести