Дете ги пречека и испрати фудбалерите на Барселона, но не и неговиот идол (Фото)

Трогателна сцена се случи денеска на влезот на тренинг центарот на Барселона. Едно дете облечено во дрес на Барселона со десетка и името на Меси на грбот, чекаше пред влезот да се појави неговиот идол, но тоа не се случи.

Останатите фудбалери доаѓаа и си заминуваа, малиот ги пречекуваше и испраќаше играчите како Бускетс на фотографијата.

Сепак, навивачот на каталонците откако сфати дека Меси нема да дојде, само ја спушти главата и се упати кон својот дом. Ова разочарување беше фотографирано од останатите фоторепортери кои беа на влезот, а веројатно и најголемиот дел од навивачите на Барселона се чувствуваат како и детево. Несфатливо им е, особено на помладите, каков може да биде тимот на Барселона без Аргентинецот кој го обожуваа.

- Оглас -

Најнови вести