Вевертон е тинејџер од младинската селекција на Бразил, кој доби покана да биде дел и од сениорскиот тим што се подготвува за претстојната Копа Америка. Споерд замислата на селекторот Тите, талентираниот 19-годишен играч требало да биде помош за воигрување на тренингот, а Вевертон тоа го искористи да ја покаже својата техника и тоа против првата ѕвезда во тимот, Нејмар.
По една акција, Вевертон успеа да ја протне топката низ нозете на Нејмар, а тоа воопшто не му се допадна на најдобриот играч на Бразил. Нејмар го фати тинејџерот за дресот и го фрли на земја. Без воопшто да се сврти и да му се извини, пораката на Нејмар беше јасна, а тоа е дека тинејџерот не смее да му го прави тоа него.
https://twitter.com/i/status/1133606394156994560
Веднаш потоа кармата го стигна Нејмар. Во продолжение на тренингот, напаѓачот шутна една топка, а Тијаго Силва успеа да го изблокира. Само неколку секунди подоцна, Нејмар се фати за коленото и замина до оградата каде побара лекарска помош од лекарската екипа.
Минатата годината, Нејмар имаше операција на коленото и паузираше неколку месеци, но играше на Мундијалот во Русија. Сега е прашање дали оваа повреда е сериозна и дали Нејмар ќе биде подготвен за настап на Копа Америка, која стартува на 14 јуни, а Бразил ја има улогата на домаќин.