Бостон селтикс ноќта меѓу сабота и неделата го доби дербито против ЛА лејкерс со 120:107. Во „Стејпс центарот“ на паркетот царуваше Кајри Ирвинг, плејмејкерот ги предводеше „келтите“ со 30 поени, а по мечот направи прекрасен гест и двојно израдува еден млад навивач на франшизата од Масачусетс.
Имено, дете кое живее во Ел-Еј не навива ниту за една од двете екипи од тој град (Лејкерс и Клиперс), омилен тим му е Бостон, додека идол му е токму Ирвинг. Младиот фан во салата навиваше со дрес на ѕвездата на Бостон, а тој потоа му ги подари неговите патики кои ги носеше за време на натпреварот.
☘️ @KyrieIrving dishes out his #NBAKicks following the @celtics win in LA! pic.twitter.com/SPsXrxVpRW
— NBA KICKS (@NBAKicks) March 10, 2019