Освен младите ѕвезди кои се дел од големите шпански клубови, сезонава свој печат остави и 18-годишниот Иван Фреснеда од тимот на Валјадолид. Тинејџерот игра на десната бековска позиција и сезонава одигра 18 лигашки дуели, што беше доволен знак да почне да се јавува интерес кај големите европски клубови.
Фреснеда веќе е дел од младинската репрезентација на Шпанија и неговата откупна клаузула сега изнесува 40 милиони евра. Неколку италијански клубови веќе покажале интерес за овој млад дефанзивец, но сепак, како најсериозен кандидат за купување на Фреснеда е германскиот Борусија Дортмунд, кој би ја добил битката со Милан, Интер и Јувентус.