Дете што собира топки спаси сигурен гол, а потоа судијата се посрамоти со одлуката (Видео)

На мечот меѓу екипите на Челгхум и Батна во втората лига во Алжир се случи еден несекојдневен инцидент. Детето кое беше задолжено да ги собира топките зад голот на домаќините, реши да влезе на теренот за да спаси гол на кој требаше да се израдуваат гостите.

Челгхум беше во негатива од 3:4 кога домаќините во последните моменти од мечот тргнаа со сите сили во напад, во обид да израмнат. И домашниот голман тргна во напад, а тоа го истористија гостите, па преку контра напад Батна тргна во напад за 5:3.

Топката одеше кон празниот гол на домаќините, но тогаш се појави детето кое собира топки и ја шутна топката да не заврши во мрежата.

Главниот судија тогаш ја стопираше играта и покажа пенал за гостите, кој беше реализиран за конечни 3:5. Судискиот стручњак Насер Садик анализираше дека главниот арбитер направил превид со одлуката. Според фудбалските правила, во ситуација кога „надворешен фактор“ влијае на играта, не се суди пенал.

Исправно би било кога играта ќе се стопира, детето ќе биде исфрлено од теренот, а судијата ќе досуди индиректен удар на местото каде што детето играло со топката, а во овој случај тоа би било на петерецот.

 

- Оглас -

Најнови вести