Ерлинг Халанд имаше фантастична прва сезона во дресот на Манчестер сити. Норвешкиот голгетер постигна дури 54 погодоци во сите натпреварувања сезонава што измина, а со Сити се радуваше на трофеите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.
Сити едноставно доминираше не само во Англија туку и во Европа. Халанд вчера ги заврши и репрезентативните обврски со Норвешка и конечно доби време за одмор. Реши да остане во родната земја, каде што најмладите кои го забележаа, ја искористија шансата да се фотографираат со него.
Со сите деца кои бараа автограм и фотографија со Халанд, најинтересно беше едно момче кое беше во дресот на Манчестер јунајтед. Кога Халанд забележа дека момчето е во дрес од градскиот ривал, фудбалерот со рака го покри амблемот на Црвените ѓаволи и искоментира дека дури потоа може да се фотографираат. На детето му порача дека треба да си најде нов дрес, но сепак му ја исполни желбата да има фотографија за сувенир и за спомен од играчот кој имаше блескава сезона.