Детето да го пуштите да излезе на терен со играч треба да платите над 500 евра

Малку се оние деца кои имаат можност заедно со фудбалерите од англиската Премиер лига, да истрчаат на теренот, пред почетокот од мечот. Екипата на Свонси додека се натпреваруваше во Премиер лигата, за тоа задоволство наплатуваше 478 фунти, односно околу 540 евра. Тоа значи дека доколку некое дете сакало да се појави на теренот и да помине околу две минути, за тоа задоволство ќе мора неговите родители да платат повеќе од 500 евра.

Свонси испадна од Премиер лигата, па сега тарифата е намалена. За децата кои ќе истрчаат на теренот со играчите на Свонси, се наплатува по 400 фунти. Од клубот велат дека за децата тоа едно големо искуство на кое се сеќаваат цел живот.

Освен тоа што децата ќе истрчаат на терен заедно со играчите, во Свонси доделуваат и дрес на „лебедите“, дрес за маскотата, сертификат од клубот Свонси потпишан од капитенот на екипата, фотографија од самиот настан, фотографија со капитените на двата тима и судиите, храна за четири лица, четири карти за мечот и изведување на пенал за време на полувремето.

Интересно е дека од актуелните екипи кои се дел од Премиер лигата, само три клуба наплатуваат на децата кои ќе истрчаат заедно со играчите пред почетокот на средбата, а тоа се Евертон, Вест хем и Лестер. Останатите екипи меѓу кои се и Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Сити, Челзи, Тотенхем, не наплатуваат на децата кои се понавуваат на теренот. Тие бираат дечиња кои се дел од младинските школи и на тој начин имаат можност да се запознаат со дел од своите херои.

 

- Оглас -

Најнови вести