Детето „џин“ во Шпанија беше чудо? Видете ја разликата кај кошаркарките на САД и Хондурас (Фото)

Пред неколку дена, на традиционалниот турнир за деца до 12 години во фудбалска Шпанија се појави фотографија која збуни многумина. Дете од тимот на Севилја едноставно делуваше како џин во споредба со своите врсници.

Фотографијата беше збунувачка, но факт е дека и во минатото имало ситуации кога едно дете драстично се разликувало од врсниците. Таков е примерот со Ромелу Лукаку и фотографијата од тоа како тој изгледал кога имал 13 години, а како изгледале неговите врсници. 

Сега има и нов пример на драстична разлика, и тоа во женска конкуренција. На мечот меѓу САД и Хондурас за кошаркарки до 16 години, разликата беше очигледна. Американките во просек имаат висина 186 сантиметри, додека девојчињата од Хондурас се со просечна висина од 172 сантиметри.

Највисока кај Хондурас е Силвија Вега, која има 16 години и е висока 176 сантиметри. Кај Амекриканките највисока е Лорен Бетс, која е висока 201 сантиметри, а уште нема наполнето 16 години.

Физичката доминација на САД се покажа и на теренот. Американките имаа 64 скока, наспроти 23 скока на Хондурас. Конечниот резултат беше повеќе од убедлив. САД победи со 114:19.

 

- Оглас -

Најнови вести