Возбудувањата во НБА-лигата продолжуваат и вечерва, а на програмата има дури девет натпревари. Како дерби на вечерта е дуелот меѓу Детроит и Бостон, два тима кои се во одлична форма. Детроит нареди седум победи по ред, а сега предизвик ќе биде триумфалната низа да продолжи и по дуелот со актуелниот првак.
Бостон има шест победи по ред, а дури 10 во последните 11 натпревари, па сосема заслужено е на второто место во Источната конференција. Интересно е дека Бостон има дури 12 победи по ред во пресметките со Детроит, што значи дека домаќините имаат дополнителен мотив да се обидат да ја прекинат оваа лоша низа која трае повеќе од три години.
Одлична е и понудата за играчите кои треба да се најдат на теренот и каков поентерски скор ќе имаат. Над 55-мина кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени.