Вечерва по полноќ во кошаркарската НБА-лига се играат осум натпревари, а на шест-седум од нив победниците се наѕираат и квотите најавуваат сигурни победи на фаворитите.
Лидерот на Истокот, Детроит пистонс, ако ја победи Индијана, која беше финалист минатата сезона, а сега е претпоследна на табелата, ќе има серија дури од десет триумфи по ред.
Денвер нагетс оди по осмата победа едноподруго, Оклахома Сити тандер по шестата, а Торонто репторс по осмата победа на последните девет меча.
На дуелот Кливленд – Милвоки ќе има пресметка на двајца кошаркари (Мичен против Адетокумбо) кои имаат просек од над 30 поени по натпревар.


