Деца играа ракомет кога на теренот влета пијан возач со автомобил (Видео)

Деца до 14 години играа ракометен меч во Шведска, кога наеднаш се слушна силен тресок, а потоа автомобил се појави на теренот. Пијан возач со голема брзина удри во салата, успеа да го сруши ѕидот и со автомобилот се најде на теренот.

За среќа, ниту едно од децата не беше повредено, но сите уплашени инстиктивно избегаа во соблекувалните.

„Тоа што се случи е нездрава работа. Многу се потресовме. Успеа да го пробие ѕидот. Спикерот брзо реагираше и рече сите да ја напуштат салата и да не се доближуваат до автомобилот бидејќи не знаевме што се случува“, рече претседателот на еден од двата клуба, Магнус Ларсон.

Во целата оваа ситуација децата имаа многу среќа бидејќи само 10-тина секунди претходно неколкумина од нив поминаа токму на местото каде што влета автомобилот на теренот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести