25.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Децата имале видеотренинг кога во еден момент се појавила порноснимка

Шкотската пливачка федерација организира видеопредавања за своите најмлади пливачи за да може да одржат одредени тренинзи и за време на изолацијата. Ваквите онлајн часови ги следат повеќе од 300 пливачи. На еден од последните вакви тренинзи едноставно се случила непријатна ситуација.

Додека траел тренингот, во еден момент се појавила снимка со порнографска содржина. Веднаш се реагирало и снимката била тргната, а тренингот прекинат. Од Федерацијата тврдат дека тоа бил организиран хакерски напад и дека полицијата треба да открие кој стои зад ваквиот инцидент.

„Шкотската пливачка федерација најискрено се извинува поради овој инцидент. За жал, за време на преносот е уфрлена снимка со вознемирувачка содржина, а во тој момент онлајн имало околу 300 луѓе. Видеото веднаш е прекинато, а инцидентот е пријавен во полиција“, стои во дел од соопштението на Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести