Ајакс е на чекор од нова сензација во Лигата на шампиони, по вечерашниот триумф на гостувањето кај Тотенхем со минимални 1-0 во првиот полуфинален дуел. Копјаниците се на чекор до пласман во големото финале за првпат по сезоната 1995/96, а во пресрет на реваншот во Амстердам имаат големи шанси да го остварат тоа.
Ајакс до триуфмот дојде сосема заслужено. Нивната доминација во првото полувреме потполно се исплати, а погодокот за победа го постигна Дони Ван Де Бек во 15-тата минута. Избраниците на Покетино беа безидејни во првите 45 минути, особено во нападот. Без Кејн и Сон, Тотенхем не упати ниту еден удар во рамките од голот на Онана, а ниту трудот во второто полувреме не ги врати во игра.
Ајакс можеше да запише голема победа, но сериозната шанса во 78-та минута не вроди со плод. Грешија дефанзивците на Тотенхем, по што гостите дојдоа во добра ситуација за напад, Тадиќ го разработи Нерес, а овој го матираше Љорис со неговиот удар, но топката заврши во дирекот.
Обидот на Нерес во 78-та минута можете да го видите на следниот ЛИНК.
Реваншот во Амстерам на „Јохан Кројф“ арена, е закажан на 8 мај, со почеток од 21 часот. Утре на „Камп Ноу“ ќе биде спектакл, Ливерпул гостува кај Барселона во првиот меч од вториот полуфинален пар.