Децата на Хајдук се чудо: Ја елиминираа и Борусија Дортмунд и се пласираа во полуфиналето на ЛШ

Младинскиот тим на Хајдук испишува фудбалска бајка во Лигата на шампионите и се пласира во полуфиналето на натпреварувањето за тинејџери. На гостински терен во Дортмунд, Хајдук У19 ги елиминира врсниците на Милионерите, и тоа по подобро изведување на пенали.

Во регуларниот дел, Хајдук прв даде гол, и тоа преку Антуновиќ во 72-рата минута, но домаќините израмнија само четири минути подоцна, и тоа од пенал преку Ријков.  Откако беше 1:1 по 90 минути игра, се изведуваа пенали.

Дури осум пенал-серии фудбалерите на двата тима беа непогрешливи, а потоа за Борусија Дортмунд промаши Мане, а Кавељ даде гол за голема радост на Хајдук, кој беше аутсајдер на овој меч. Пред дуелот со Борусија Дортмунд, Хајдук во претходното коло го елиминира и Манчестер сити со 2:1.

Во полуфиналето на ЛШ се пласираа и младинците на АЗ Алкмар откако без многу проблеми со 4:0 го елиминираа Реал Мадрид. Надежите на холандскиот тим сезонава блескаат во ЛШ и се перфектни со гол-разлика од 12 дадени и ниту еден примен гол.

 

- Оглас -

Најнови вести