Децата на Пелистер немаа сили за чудо, убедливо загубија од ГОГ Гудме

Младинците на Еурофарм Пелистер претрпеа убедлив пораз од 36:21, против ГОГ Гудме, во полуфиналето на ракометниот фајнл-фор турнир во Дормаген, во близина на Келн. Самиот пласман на „децата“ на Пелистер на завршницата од овој европски собир на најдобрите четири екипи е голем успех, па нема простор за разочарување.

Само на стартот битолчани даваа отпор кога резултатот беше 4:4. Потоа данскиот тим постигна четири гола во низа за предност од 8:4, а на полувреме се отиде со 17:12 ЗА ГОГ Гудме.

На почетокот на второто полувреме играчите на ГОГ Годме започнаа фуриозно и за брзо време стигнаа до двоцифрена предност (23:13). Младите битолски ракометари немаа сили да парираат на расположениот противник, па на крајот ГОГ Гудме стигна до победа од 15 разлика.

Најдобар стрелец кај ГОГ беше Емил Соренсен со осум гола, а Виљас Карбо имаше шест погодоци, додека кај пелистерци, Алем Хаџиќ и Карло Буторац постигнаа по четири гола.

Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Барселона и Веспрем. Победниците одат во финалето. Овие два меча се загревање за она што ќе се случува во Келн, а тоа е фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести