Пари Сен Жермен без многу проблеми славеше на гости кај Макаби Хаифа, а погодоците за францускиот првак ги дадоа најголемите ѕвезди, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.
Од сите оние, сепак Меси е убедливо најголемата ѕвезда, а тоа се покажа и по реакцијата на дечињата кои беа на теренот пред мечот. Кога Меси се појави, сите дечиња возбудено и зачудено гледаа во Аргентинецот, кој без проблем ги прегрна сите оние кои добија спомен за цел живот.