Ракометниот караван во организација на Ракометната федерација на Македонија продолжи викендов и во Богданци. Многу деца за прв пат се запознаа со оваа убава игра и ја почувствуваа магијата која ја носи ракометот.
овој ракометен караван има една голема цел, а тоа е што е можно на повеќе деца да им се доближи ракометот, да им стане појасно за каков спорт се работи. Од РФМ упатија кратка и јасна порака, а тоа е дека ракометната приказна продолжува.

