Девет аргументи зошто треба да се укине ВАР-системот во Англија

Поминаа пет години откако во врвниот фудбал започна користењето на ВАР-системот, технологија која помага да се намалат судиските грешки на теренот, посебно оние кои директно може да влијаат на резултатот.

Во англиската Премиер лига на 6 јуни ќе има собрание на клубовите на кои за првпат ќе се гласа и ќе се решава дали треба да се укине ВАР-системот. Оваа иницијатива за укинување на ВАР-системот дојде од тимот на Вулверхемптон, кој беше посебно незадоволен од судењето на мечот против Фулам, кога лондонскиот тим доби два пенали.

Во барањето да се стави точката за гласање околу укинување на ВАР-системот од Вулверхемптон дадоа девет причини и аргументи.

  • ВАР-системот влијае на прославата на головите на фудбалерите затоа што играчите треба да чекаат потврда од ВАР-собата дали голот е валиден. Тоа ја убива убавината на фудбалот.
  • Фрустрации и збунувачки моменти кај навивачите поради предолгите прегледи на ВАР-системот и недостаток на валидни објаснувања за донесените одлуки.
  • Навивачите сè почесто протестираат на трибините, ја исвиркуваат химната на Премиер лигата и скандираат против ВАР.
  • Поената на ВАР-системот беше да ги лови очигледните грешки, а не да се користи за анализа на субјективни судиски одлуки.
  • Се намалува авторитетот на главниот судија на теренот.
  • Грешките продолжија да се случуваат и по воведувањето на ВАР-системот. Навивачите се шокирани кога судиите и покрај многубројните снимки од различни агли, не може да донесат правилна одлука.
  • Се намалува интензитетот на играта поради долгите прекини за ВАР проверките, што доведува до огромни судиски надополнувања на времето.
  • Дискусиите околу ВАР-одлуките често знаат да бидат во преден план и да го засенат целиот меч.
  • Довербата на навивачите се намалува, затоа што погрешните одлуки и покрај ВАР-системот само дава поголем сомнеж дека постои корупција.
- Оглас -

Најнови вести