Девет гола на дербито во Лондон, Ливерпул покажа кој е главен во Премиер лигата (Видео)

Ливерпул се врати на победите во Премиер лигата и со убедливи 6:3 славеше на гостувањето во Лондон кај Тотенхем, во дербито на 17 коло од Премиер лигата. Со оваа победа Ливерпул стигна до 39 бодови и се зацврсти на лидерската позиција во Премиер лигата, додека Тотенхем остана на 23 бодови и тоа е доволно за 11 место.

Голеадата ја отвори Луис Дијас со погодокот во 23 минута, а потоа Мекалистер зголеми на 2:0 за гостите во 36 минута.

Тотенхем се обиде да се врати резултатски и намали на 1:2 со голот на Мадисон во 41 минута, но до крајот на првиот дел Доминик Собослаи зголеми на 3:1 за гостите.

Сите дилеми околу победникот беа решени во првите 15-тина минути од второто полувреме кога Ливерпул постигна уште два гола и двата на Салах, па Црвените стигнаа до предност од 5:1.

Иако победникот беше познат, голеадата продолжи. Следуваа погодоците на Дејан Кулушевски и Доминик Солакне кога Тотенхем намали на 3:5, а точка на оваа голеада стави истиот играч кој го даде првиот гол, Дијас со погодок во 85 минтуа.

- Оглас -

Најнови вести